Connect with us

Фудбал

Експериментот со Жирона успеа: Сити носи играч кој ја полуде Шпанија со своите потези

Жирона е најголемиот хит во Европа и е на второто место во Ла Лига, а нивните играчи со своите потези ја полудеа цела Шпанија.
Заедно со најдобриот стрелец во лигата, Артем Довбик,  најголемо внимание привлекува и 19-годишниот крилен напаѓач Савио Мореира.

Бразилецот на 23 натпревари во Ла Лига постигна пет гола и седум асистенции, а со својот дриблинг ги излудува противничките дефанзивци.

Фабрицио Романо синоќа ексклузивно објави дека Савио од следната сезона ќе игра во Манчестер Сити, а таа вест не треба никого да изненади.