Фудбал
Ел Мундо Депортиво – Барселона прави чистка почнувајќи со Рафиња и Делофеу
Според пишувањата на “Ел Мундо Депортиво”, весник кој важи за близок до таборот на Барса, каталонскиот гигант плаира за време на зимскиот преоден рок да продаде дури пет фудбалери.
Излезната врата од “Ноу Камп” ќе им биде покажана на Хавиер Маскерано, Арда Туран, Алеиш Видал, Рафиња и на Жерар Делофеу.
Заминувањето на Маскерано зависи од тежината на повредата која ја заработи францускиот интернационалец Самуел Умтити. Делофеу требаше да биде замена на Дембеле, но крилниот напаѓач не ги оправда очекувањата на клупските челници и сигурно ќе биде позјамен за време на зимскиот преоден рок.
Рафиња уште пред неколку месеци изјави дека сака да биде продаден, додека Валверде не смета на услугите на Туран и на Видал. Доколку се најде решение за овие фудбалери, Барса ќе ја има потребната финансиска моќ за да го купи Кутињо и да нема никаков проблем со ФФП.