Фудбал
Елмас: Дури и кога имаше ЛШ, мајка ми не ме оставеше да излезам од соба додека не научам
Ељиф Елмас во интервју за „Дазн“ зборуваше за својата кариера во Наполи, за семејството, за соиграчите, за детството…
Во интервјуто Елмас беше запрашан што му кажувала мајка му додека растел.
„Додека не научиш сѐ, нема да излезеш од собата. Дури и кога имаше Лига на шампиони, морав да учам“, вели Елмас.
„Во Македонија многу се гледа италијански фудбал. Ми се допаѓаа Тоти и Рома на Спалети како играше. Татко ми не гледаше фудбал. Моите размислуваа само на работа од утро до вечер. Сега имаат повеќе време за уживање затоа што нивните деца работат, семејството е тука со мене“.
Елмас е импресиониран од односот на неговиот соиграч Кин кој изминатото лето пристигна во Наполи.
„Тој е одличен човек со вистински карактер. Тука би ги ставил и Лоботка, Кварацхелија, Ди Лоренцо, Ангуиса, Руи… Сите се одлични. Оваа година ни се случуваат многу работи. Спалети донесе нешто посебно. Нѐ тера да играме, топката да оди со 100км/час, а со тоа и ние“.