Фудбал
Елмас и другарите го кренаа пехарот: Втор Македонец по Пандев (ВИДЕО)
По 33 години, шампионскиот пехар е повторно за Наполи. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и соиграчите го кренаа трофејот откако заслужено ја освоија титулата во Серија А оваа сезона.
Napoli have been crowned the Serie A Champions 💙pic.twitter.com/j1T1Ysjqyq
— Get Italian Football News (@_GIFN) June 4, 2023
Водство за „наполитанците“ донесе Виктор Осимен од пенал во 64. минута, додека конечните 2-0 беа дело на Џовани Симеоне во 85. минута.
Капитенот Џовани Ди Лоренцо го крена, како што е редот, а потоа во своите раце го пречека и нашиот Елиф Елмас.
Стана само вториот Македонец со скапоценото парче метал од италијанската Серија А, по Горан Пандев во 2010 година, во дресот на Интер. Иако не беше стандарден првотимец и само 13 пати беше стартер, сепак Елмас беше дел од 35 натпревари од 38-те на Наполи оваа сезона.
✒️ NAPOLI#NAPOLISCUDETTO pic.twitter.com/dBjmmnJlJL
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 4, 2023