Connect with us

Фудбал

Елмас не играше, Милик му донесе победа на Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби ниту една минута на вечерашниот натпревар против Верона во Неапол кој неговиот тим го доби со 2:0. Стрелец на двата гола беше Милик, а Елмас остана на клупата за резервни фудбалери.

Претходно попладнево Лацио и Аталанта одиграа неверојатен меч кој заврши 3:3, а вечерва Јувентус ја пречекува Болоња.

Серие А, 8.коло, парови и резултати:

Сабота:

Лацио – Аталаната 3:3

Наполи – Верона 2:0

Вечерва: Јувентус – Болоња

Недела:

12:30 ч. Сасуоло – Интер

15:00 ч. Каљари – Спал

15:00 ч. Сампдорија – Рома

15:00 ч. Удинезе – Торино

18:00 ч. Парма – Џенова

20:45 ч. Милан – Лече

Понеделник:

Бреша – Фиорентина