Фудбал
Емери договори ново засилување, но навивачите му порачаа дека не сакаат „пензионери“
Унаи Емери, официјално беше избран за нов тренер на Арсенал пред неколку дена.
Шпанскиот експерт навистина не се прослави во Паркот на принцовите, а челниците на ПСЖ одлучија да не го продолжат договорот со овој тренер. Емери имаше среќа бидејќи не чекаше нова работа долго време, само неколку дена подоцна го контактираа од Арсенал.
Емери и Арсенал се договорија за само неколку часа, а шпанскиот стручњак беше претставен пред неколку дена како нов тренер на „Топчиите“. Тој веќе размислува за нови засилувања и се чини дека нема да има толку пари за трошење, како што беше навикнат во Париз.
Во Арсенал, веќе бараат играчи на кои им истече договорот, а на радарот на Емери, се најде поранешниот играч на Јувентус, Стефан Лихтштајнер. Швајцарецот ја напушти „Старата дама“ по истекувањето на договорот и моментално е без клуб.
Сепак, англиските медиуми објавија дека Емери веќе контактирал со искусниот 34-годишен фудбалер и му понудил договор со Арсенал. Наводно, Лихтштајнер изјави дека има неколку понуди и дека наскоро ќе одлучи што и како, но призна дека Арсенал во моментов е во предност. Сепак, на навивачите на Арсенал не му се допадна овој потег, и рекоа дека сакаат помлади играчи во тимот, а не оние кои се на крајот на нивната кариера.