Поврзи се

Тајмаут

Емери за операцијата на Нејмар: Тоа се измислици

Информациите за претстојната операција на Нејмар не одговараат на вистината, категоричен беше попладнево тренерот на Пари Сен Жермен, Унаи Емери.

Претходно „Глобо Еспорте“, како и водечките шпански изданија „АС“ и „Марка“, информираа дека поради фрактура во десното стапало, напаѓачот ќе го пропушти не само претстојниот реванш против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, туку и следните два месеца.

– Овие гласини се измислици. Денеска разговарав со лекар и тој ми објасни колку сериозна е повредата. Одлуката ќе се донесе врз основа на темпото на закрепнување. Ќе видиме како ќе се развијат работите во наредните денови пред да донесеме конечна одлука. Самиот играч исто така ќе реши што понатаму. Засега сме смирени. Чекаме да видиме како Неј ќе се опорави. Ако успее да се среди за дуелот со Реал, тоа ќе биде одлично. Ако не, имаме други играчи. Во моментов, на Нејмар му треба мир, изјави Емери.

Нејмар денеска бил забележан како го напушта „Парк де Пренс“ на патерици.

ФОТО

loading...

Повеќе од Тајмаут