Фудбал
Емотивна порака на фудбалер: Јас сум во загрозена група, ве молам почитувајте ги правилата
Играше на две светски првенства и на ЕП во 2008-ма година. Една година пред тоа имаше трансплатација на бубрег, а проблемите со тој орган траат една ипол деценија.
Го носеше дресот на Сент Паули, Вердер, Нант, Болтон и Мајнц, пред да биде приморан да ја заврши кариерата. Сега, кога се појави коронавирусот, тој е во ризична, односно загрозена група.
Станува збор за Иван Класниќ, кој има преку 40 настапи за хрватската репрезентација. Тој ги повикува луѓето да бидат внимателни и ги моли да ги почитуваат правилата и мерките, со цел лекарите да имаат полесна задача.
Класниќ на Инстаграм профилот сподели фотографија направена пред три години, кога по трет пат му е пресаден бубрег. Сега е добро, но неговиот имунолошки систем и натаму не е доволно силен, па поради тоа спаѓа во загрозената група на луѓе од коронавирус.