Connect with us

Фудбал

Емотивни пораки од ќерките на Михајловиќ: Откажувањето не е во нашата ДНК!

По вчерашната прес-конференција на која легендата на српскиот фудбал Синиша Михајловиќ информираше дека боледува од леукемија веднаш се огласи бројни фудбалски лица од целиот свет. Но, без сомнение, најголемата поддршка за Михајловиќ доаѓа од неговото семејство.

Се огласија и неговите ќерки Викторија и Вирџинија порачувајќи му на својот татко дека се со него во најважната животна битка.

„Велат дека Бог најтешките битки вообичаено им ги дава на најдобрите војници. Иако не ви одговарам на сите на пораките кои ми стигнуваат, знаете дека читам се и од срце ви благодарам на сите. Ние сме семејството Михајловиќ и откажувањето од борба не е во нашата ДНК“ – е пораката од Викторија преку нејзиниот официјален профил на социјалните мрежи.

Помлада ќерка на Михајловиќ, Вирџинија, пак, кратко напиша: „Воин!“

Инаку, покрај двете ќерки, Синиша Михајловиќ со сопругата Аријана имаат уште три сина, Мирослав, Душан и Николас.

ИЗВОР: ЕКИПА

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com