Други спортови
Енди Мареј си игра со животот, мора да престане да игра тенис
Енди Мареј мора да престане да игра тенис, во спротивно се игра со својот живот. Ова го изјавил специјалист од клиниката во Цирих, Хан Ридигер. Мареј од јануари оваа година има вештачки колк, а според Ридигер, британскиот тенисер може да добие труење од кобалт доколку продолжи да настапува.
-Во вградениот дел, двете метални шипки се тријат една од друга. Пред десет години таков метод беше користен во Швајцарија, понекогаш со катастрофални последици“ – изјавил Ридигер за швајцарските медиуми.