Фудбал
Енис Барди не игра против Словенија и Полска, две нови имиња на списокот на Ангеловски
Енис Барди поради повреда не е во можност да биде дел од македонската А репрезентација за натпреварите против Словенија (10. октомври) и Полска (13. октомври) од квалификациите за ЕУРО 2020.
Селекторот Игор Ангеловски во пресрет на натпреварите, дополнително прати повик за Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре во 12:00 часот во хотел “Гранд Плаза”.
Првиот тренинг на репрезентацијата е утре од 19:00 часот на Националната арена “Тодор Проески”.