Фудбал
Енис Барди останува во Шпанија, но можно е да го смени клубот?!
Дел од шпанските медиуми објавија дека Реал Сосиедад е сериозно заинтересиран за услугите на Енис Барди. Македонскиот репрезентативец игра одлично во дресот на Леванте, со што го привлече вниманието на овој клуб.
Според информациите Сосиедад има желба трансферот да се случи во јануари, но сепак според сите проценки и расположението на Леванте, тоа нема да се случи. Единствено доколку неговиот клуб се одлучи да го продаде, тоа ќе биде по завршувањето на сезоната.