Ракомет
Еурофарм Пелистер ги заврши своите настапи во Европската лига
Еурофарм Пелистер не го искористи домашниот терен и пеколната атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ и ги заврши своите настапи во Европската лига.
Во реванш-средбата од осминафиналната фаза, македонскиот вицешампион одново не најде решение за разиграниот Нексе и загуби со минимални 21-22.
Нај ефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Мандалиниќ кој постигна шест гола, додека Табоада беше стрелец на пет, кај Нексе, Јелиниќ и Томиќ запишаа по пет погодоци.