Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер има нов капитен

Голманот на Еурофарм Пелистер Градимир Чаневски ќе биде нов капитен на тимот. Ова го соопшти тимот од Битола, како најава за новата сезона, но и пријателскиот меч што попладнево ќе го играат со Металург.

Инаку, тимовите на Еурофарм Пелистер и Металург со почеток од 18:30 часот ќе одиграат пријателски натпревар во спортската сала во Маврово, како предигра за настапот на Струшкиот турнир.