Ракомет
Еурофарм Пелистер ја прослави првата победа во новата сезона на Европсакта лига
Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во новата сезона на Европската лига на гостувањето кај Агуаш Санташ.
Во 2. коло од Европската лига, Фармацевтите одиграа фантастичен натпревар и со 29:27 го совладаа Агуаш Санташ.
Домаќинот одлично го отвори натпреварот и уште на самиот пшочеток имаше серија од 3-0. Битолчани првиот гол го постигнаа дури во шестата минута, кога Хенеберг од пенал го постигна првиот гол за својот тим.
Одличната игра кој ја покажаа Фармацевтите го доведе тимот на Еурофарм Пелистер до четири гола предност кон крајот на првото полувреме, но во продолжение домашниот тим успеа да ја намали разликата и на полувреме замина со негатива од три гола (12-15).
Пелистерци одлично го отворија второто полувреме и успеаа да сее искачат на високи „плус шест“ (14:20).
Следуваше серија од шест гола со која ракометарите на Агуаш Санташ ја вратија резултатската неизвесност на натпреварот. Сепак до крајот на натпреварот домашнииот тим немаше сили за да направи целосен пресврт, и помедата на крајопт му припадна на Еурофарм Пелистер.
Нај ефикасен кај битолчани беше Хенеберг со седум гола, а одличен беше и Пешевски ској постигна пет погодоци. Четири имаше Сери, а по три запишаа Танкоски и Ојлески.