Ракомет
Еурофарм Пелистер ја раскина соработката со тренерот Бабиќ
РК Еурофарм Пелистер спогодбено со тренерот Жељко Бабиќ ја искористи опцијата во договорот за прекин на соработката на крајот на сезоната. По две и пол сезони клуб ќе добие нов тренер за сезоната 2022/23.
Од битолскиот клуб му се заблагодарија на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Како што велат, без негова помош нивниот проект немаше да се развива по предвидениот колосек.