Ракомет
Еурофарм Пелистер на домашен терен го совлада Тиквеш
Еурофарм Пелистер лесно стигна до 12 победа во Супер-лигата.
Битолчаните на домашен терен го совлада Тиквеш со убедливи 25-16 (15-5), во рамките на 13 коло.
Битолските фармацефти уште од самиот старт го решија натпреварот, а во 22 минута имаа водство од 11-3.
Второто полувреме битолчаните продолжија со ист ритам, имаа минимален број на грешки при реализација на нападите.
Следниот натпревар Пелистер го ига против Спортинг во рамките на Европската лига на домашен терен закажан за во вторник.
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 4, Ојлески 2, Маџовски 1, Велковски, Кукуловски 1, Мандалиниќ 1, Танкоски 1, Периќ, Костески 8, Кукоски, Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ 1, Табоада 3, Граџан 3
Тиквеш:
Стојаноски, Велков, Гичев, Трајковски, Лазов, Дрогришки 5, Темелковски 1, Стефановиќ 2, Соколов, Гошевски 1, Кондев, Окардов 1, Коцев 1, Симиќ, Јанчев 2, Трпчевски 3
Ненад Костески со осум и Матео Мараш со четири гола, беа први стрелци кај победникот, додека кај Тиквеш, Стефан Дрогришки имаше пет гола.