Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер по тешка борба го совлада Пролет

Еурофарм Пелистер по тешка борба го совлада Пролет (25-21), со оваа победа се израмни со Вардар.

Вардарци остануваат на првата позиција поради подобриот резултат во меѓусебните дуели.

Е. Пелистер играше одлично во првото полувреме, но Пролет не му дозволи да направи голема разлика, па на полвреме заминаа со 14-12.

Во вториот дел Е. Пелистер имаше проблеми да му избега на противникот, кој се одржуваше на негатива од еден гол (17-18), но до 50. минута гостите создадоа водство од +3 (23-20) и така дојдоа на чекор до победата.

До крајот на мечот битолската екипа ја одржуваше предноста, па на крајот славеше со 25-21.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Јосип Периќ со девет гола, додека кај Пролет најдобар беше Жарко Пејовиќ со пет погодоци.