Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер поразен од Фуксе Берлин

Еурофарм Пелистер го забележа вториот пораз во Европската лига, Фуксе Берлин беше подобар ривал и забележа висока победа од 34-43.

Многубројните грешки кои ги направија нашите ракометари вешто ги искористи противникот и од минута во минута водството на Германците растеше, за на полувреме заминаа со 14-22.

И во второто полувреме Еурофарм Пелистер не ја прикажа играта која сите ја очекувавме. „Фармацевтите“ едноставно не можеа да најдат решение за разиграниот Фуксе, кој мечот го приведе лесно до крајот. На крај заслужена победа за гостите од 34-43, а Еурофарм Пелистер го забележа второито пораз во Европската лига.

Најефикасен на натпреварот беше Милош Вујовиќ од Фуксе со девет погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер се истакна Жарко Пешевски, со осум гола.

Facebook

Реклама