Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер поразен од ПСЖ во Лигата на шампиони

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ја продолжи серијата порази во Лигата на шампиони, откако синоќа очекувано загуби во Париз од фаворитот ПСЖ со 31-26 (15-12).

Македонскиот шампион му пружи достоен отпор на тимот предводен од поранешниот стратег на Вардар 1961, Раул Гонзалес, и со тоа навести подобри денови во продолжението на Лигата на шампиони.

Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Урош Борзаш и Жарко Пешевски со по пет голови.

За битолскиот состав ова е четврти пораз со кој остана на последното место на табелата без освоен бод по четвртото коло во групата А.

Нова шанса за освојување премиерни бодови во елитното клупско натпреварување ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат на 19 овој месец на гостински терен против Загреб.