Ракомет
Еурофарм Пелистер рутински против Бутел, го реши мечот за едно полувреме
Еурофарм Пелистер го заборави болниот пораз од Ним на отворањето на Европската лига и со сигурни 27-20 го совлада составот на Бутел, во првиот натпревар од осмото коло на Суперлигата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стипе Мандалиниќ со 11 гола, а голманот Секељи заврши со седум одбрани. Најефикасен кај Бутел, пак, беше црногорскиот интернационалец Мајиќ со девет погодоци а Младеновски постигна четири.
Со седмата победа во осум кола Е. Пелистер се изедначи со Вардар, со 21 бод, но актуелниот шампион утревечер (19.30) го игра својот меч од оваа рунда, дома против Прилеп. Бутел го претрпе третиот пораз и со 15 бода во моментов е петти на табелата.