Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер со тешка задача – битолчани веруваат во чудо

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола од вчера се во Брест, Белорусија, каде денеска со почеток во 16 часот, ќе се обидат да ја анулираат разликата од -4 од Битола, и да се реваншираат за поразот на Мешков Брест, во рамки на четврт-финалето од СЕХА лигата.

Меѓусебните пресметки, по фузијата и создавањето на новиот проект на битолчани се на страната на Мешков. Белорусите имаат три победи во СЕХА дуелите од 2019 година до сега, а Еурофарм Пелистер се надева на прво славје.

Потсетување, на првиот меч одигран во салата „Боро Чурлевски“ во Битола играчите на Жељко Бабиќ загубија со резултат 27:31.

До успех „пелистерци“  ќе траба да вложат многу напор и залагање во сите 60 минути, како и рекоа и тренерот Бабиќ, Кизиќ, Периќ и останатите.