Connect with us

Ракомет

Еурофарм Работник ја доби „драмата“ во Битола против Савехоф

Конечно, по три порази во низа, Еурофарм Работник славеше во Лигата на шампионите. Во Битола „падна“ Савехоф, кој е совладан со 32:31. Победникот беше решен практично со звукот на сирената, кога за победа погоди Радовиќ.

Шест голови предност имаше на полувремето тимот од Битола, но сепак во вториот дел противникот успеа да направи неколку серии и да го намали резултатот, дури беше и на чекор до реми.

По шест голови во победничкиот тим постигнаа Остроушко, Јотиќ и Радовиќ, додека Богојевиќ со девет гола беше најефикасен кај шведскиот шампион.