Connect with us

Ракомет

Еурофарм Работник сака победа против Татран Прешов

Попладнево во 17 часот во Битола, Еурофарм Работник го игра петтиот натпревар во ЛШ, а противник е Татран Прешов. Еурофарм минатото коло славеше против Кокс, што на ракометарите и стручниот штаб влева надеж за втора победа.

Татран Прешов е последен на табелата и од четири меча забележа исто толку порази. Според последните информации, Јотиќ и Стјепановиќ се неизвесни за овој натпревар.

На пресконференцијата пред мечот, тренерот Стевче Алушовски порача:

Татран Прешов е искусна екипа, составена од репрезентативци на Словачка, интернационалци од Шпанија, Хрватска…Секоја година играат во Лигата на шампионите ии СЕХА лигата и сигурно нивната вистинска сила не е местото на табелата во нашата група. Имаат искусна екипа, искусен тренер како Голужа, кој исклучително го ценам и нема да биде лесно, изјави Алушовски.

Натпреваерот се игра во 17:00 часот во Битола.