Connect with us

Фудбал

Еузебио: Против Вардар сакаме само три бода

На денешната одржана прес конференција Еузебио Сакристан изјави:

„Имаме добра можност да се квалификуваме во наредната фаза од Лига Европа утревечер. Начинот на кој треба да се спротиставиме на овој меч треба да се ист како претходно. Потребни ни се трите поени за да одиме во нокаут-рундата. Тоа треба да биде нашата ментална состојба. Го почитуваме Вардар комплетно, затоа што овие натпревари секогаш може да донесат потешкотии“, изјави стратегот на Сосиедад.

Натпреварот од 4. коло помеѓу Реал Сосиедад и Вардар се одигрува утре од 21:05.