Connect with us

Фудбал

Еве зошто Лукаку по секој гол трча кон Конте и клупата

Белгискиот интернационалез Ромелу Лукаку постигна два гола на попладневната средба против Сасуоло во победата од 4:3. Два други беа дело на неговиот колега од нападот Лутаро Мартинез. Двајцата постигнаа по еден гол од пенал и по еден од игра.

Откако дојде во Интер, Лукаку секој негов гол го прославува со клупата за резервни фудбалери, но и со прегратка со тренерот Антонио Конте.

Еве како го објаснува тоа:

-Кога ќе постигнам гол, сакам со сите да прославам. Јас, но и Конте сме тимски играчи. Давам се од себе и сакам Интер да победува, вели Лукаку.

Со оваа победа Интер на второто место има само еден бод помалку од лидерот Јувентус.