Фудбал
Евертон е неколку сантиметри од уште еден трансфер
Евертон постигна договор за привлекување на играчот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Договорот меѓу двата тима е за перманентен трансфер и ќе биде финализиран откако играчот ќе ги мине лекарските прегледи во следните неколку часа.
Привлечноста на Али ја посакуваше лично Френк Лампард, кој пред само неколку часа беше назначен за менаџер на „карамелите“.
Играчот од средниот ред би требало да стане вториот офанзивен играч за врска привлечен од Евертон во овој преоден рок, откако претходно медицинските тестови ги помина и Дони ван де Бек, чиј трансфер исто така мора да биде објавен во секој момент.