Тајмаут
Евра ги шокираше сите: „Бев жртва на сексуално вознемирување кога имав 13 години“
Патрис Евра, поранешен репрезентативец на Франција, ја објави својата автобиографија „Ја сакам оваа игра“. Меѓу другото, се наведува дека на 13 -годишна возраст бил жртва на сексуално вознемирување.
Во разговор за „Тајмс“ тој истакна дека му било многу тешко да разговара за тоа со членовите на семејството, а особено со мајка му.
„Мајката не очекуваше тоа да го слушне од своето дете. Тоа беше огромен шок за неа. Прво ми рече „не мораше тоа да го ставаш во книгата“. Меѓутоа, кога и реков дека тоа не е поради мене, туку поради некои идни деца, за да не им се повтори истото, таа рече „Во ред“, истакна Евра.
Французинот истакнува дека не размислувал сериозно за тужбата против насилникот, иако неговата мајка сега инсистира работата да се истера до крај. Тој исто така доби повик од полицијата од Монако во врска со овој случај.
„Знам дека луѓето сега ќе ме гледаат со други очи, но едноставно морав да го извадам тоа од мене. Многу ми е полесно. Пријателите ми велат дека ќе бидат под „голем притисок“, сепак, најтешко ми беше да разговарам за тоа со мајка ми. После тоа се е полесно“, изјави Евра.