Ракомет
Европскиот шампион конечно покажа знаци на живот
Европскиот ракометен шампион Монпелје конечно покажа знаци на живот, откако во осмото коло од Лигата на шампионите ја забележа првата победа. Францускиот тим на домашен терен славеше над Рајн Некар Левен во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески со 31:26.

Откако минатиот викенд беше поразен од истиот ривал со убедливи 37:27, францускиот клуб одигра беспрекорно во реваншот и им се одмазди на „Лавовите“.
Македонскиот репрезентативец беше стартер во тимот на „лавовите“, но не успеа да стори ништо повеќе во фуриозниот почеток на Монпелје. Домашните ракометари одлично го почнаа натпреварот и поведоа со 5:1. Германскиот вицешампион се обиде да се врати, но Монпелје не го дозволи тоа и ја задржа предноста до крајот на натпреварот.
Талески мечот го заврши со два гола, а најефикасен во гостинскиот тим беше Толбринг со шест погодоци, додека главни играчи во таборот на Монпелје беа Ричардсон и Гигу со по седум постигнати гола.
ПСЖ ја продолжи доминација во елитното ракометно натпреварување, откако во осмото коло ја забележа и осмата победа, овојпат на жешкото гостување во Фленсбург со 27:20. Германскиот тим минатиот викенд им создаде многу проблеми на Раул Гонзалес и неговите избраници среде Париз, но „светците“ овојпат одиграа далеку подобро, доминираа цел натпревар и заслужено се зацврстија на врвот на табелата.
Покрај одличниот Омејер, најзаслужни за осмата победа во низа на ПСЖ во Лигата на шампионите беа Генсхајмер со шест и Омејер со пет погодоци.