Ракомет
Европскиот шампион на полувреме заминува со негатива од три гола
Европскиот и македонскиот шампиона, Вардар во моментов го игра полуфиналниот натпревар од Ф4 турнирот.
Вардар во овој натпревар влезе како фаворит, но исто така и да ја одбрани титулата и да остане на тронот на европскиот ракомет. Сепак и Монпелје покажа дека не е случајно во друштвото од четирите најдобри екипи во Европа.
Натпреварот започна агресивно и од двете страни, се играше цврсто во одбраната. Во 6. минута Монпелје направи серија од 2 гола и стигна до предност од 3:1.
Вардар се обидуваше на различни начини да ја анулира предноста на Монпелје од два гола, а тоа конечно му успеа во 12. минута кога изедначи на 4:4.

Конечно Вардар во 14. минута стигна до своето прво водство од 7:6, но двете минути исклучување кои ги заработи Абутовиќ, Монпелје изедначи на 7:7.
Вардар направи многу грешки во првиот дел од првото полувреме, а како резултат на тие грешки дојде серијата на Монпелје со серија од 3:0 во 18. минута повторно доаѓа до предност од два гола (9:7).
Во минутите кои следеа се играше гол за гол. Вардар ја намалуваше предноста на Монпелје на еден гол, но противникот исто така беше ефикасен во нападите и успеваше да ја задржи предноста од два гола.
На крајот на првото полувреме, ракометарите на Монпелје играа премногу агресивно и заработија две исклучувања во 25. минута, но на Вардар успеа само да ја намали предноста на Монпелје на еден гол.

На самиот крај на првото полувреме со звукот на сирената Монпелје дојде до највисоки плус три голови, а резултатот на полувремето е 14:11 во корист на Французите.
Останува да го проследиме второто полувреме и да видиме дали Вардар ќе го најде „рецептот“ за победа и пласман во финалето.