Тајмаут
Ф.С. е убиецот на фудбалерот Јанушев
Откриен убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев кој беше застрелан пред неговиот дом во населбата Аеродром, пишува Телма.
Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Против него е поднесена кривична пријава и ќе биде распишана потерница, бидејќи не е достапен за полицијата.