Connect with us

Кошарка

Ф4 турнирот во Евролига прво во Шпанија, па во Грција

Најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување во Европа, Евролигата, веќе го одреди домаќинот на претстојниот фајнал-фор турнир, а тоа ќе биде шпанска Виторија.

Но, тоа не е се, бидејќи „Eurohoops“ пренесува дека е познат и домаќинот на Ф4 турнирот во 2020 година. Според нивните информации, тоа ќе биде Атина, која првпат по 2007 година ќе организира завршен турнир на Евролигата.

Бранител на титулата оваа сезона е тимот на Реал Мадрид, а на последниот „фајнал – фор“ во Атина пред 11 години триумфираше Панатинаикос, откако во финалето го совлада тимот на ЦСКА Москва (93:91).