Тајмаут
Фалангата го окупира Манчестер, навивачите се загреваат со македонско оро (ФОТО)

Македонски песни и ора ечат во Манчестер. Ваква е атмосферата на неколку часа пред почетокот на вечерашниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација.
„Македонската фаланга“ веќе се загрева во фан зоната за во Манчестер со надеж дека Македонија може и по трет пат да остане непоразена на гостувањата против Англија.
Натпреварот меѓу Англија и Македонија почнува од 20:45 часот.
Улиците на Манчeстер се обоени во „црвено-жолто“, a „Фалангата“ веќе го окупира центарот на градот.