Ракомет
Фан-зоната се отвора утре од 17 часот

Македонските навивачи не се откажуваат така лесно од македонските ракометари. Утре во Вараждин, се очекува да пристигнат уште навивачи кои ќе ја бодрат Македонија против клучниот натпревар на Европското првенство (ЕП).
Информациите од Вараждин велат дека подготовките за натпреварот против Чешка ќе започнат во 17.00 часот кога и ќе биде отворена фан-зоната.
За Македонија утрешниот натпревар е клучен, бидејќи без него не можиме да продолжиме понатаму.
Натпреварот започнува во 20.30 часот.