Connect with us

Фудбал

Фановите на Јуве бараат „бришење“ на Конте, Ањели одби такво нешто

Навивачите на Јувентус собрале 15 илјади потписи на петицијата со која ќе бараат бришење на ѕвездичката на Антонио Конте. На т.н “walk of fame” на стадионот на Јувентус се наоѓаа 50 имиња, а меѓу нив е и Конте.

Но, откако тој го презема кормилото на Интер, навивачите бараа да се тргне ѕвездичката на поранешниот капитен и подоцна тренер на тимот на најтрофејниот италијански тим.

Сепак, според последните информации од Италија, првиот човек на Јувентус Ањели одбил такво нешто и порачал дека Антонио Конте е и ќе остане дел од историјата на клубот.

Сето ова се случува во пресрет на утрешното „Дерби на Италија“ помеѓу Интер и Јувентус.