Connect with us

Фудбал

Фановите на Реал Мадрид со различни мислења за новиот потпис со Еден Азар

Фановите реагираа на Реал Мадрид за потпишувањето со Еден Азар од Челзи. Челзи го потврди договорот за на Твитер, без да каже колку тоа ќе чини.

28-годишниот плејмејкер, кој има уште една година на договорот со Челзи, минатата недела му помогна на лондонскиот клуб да го освои финалето на УЕФА Европа лига во Баку, Азербејџан.

Се вели дека трансферот чини околу 100.000 милиони американски долари. Тој потпиша петгодишен договор.

„Мислам дека ова е најдоброто нешто што можеше да се случи за двете страни, за Реал Мадрид, бидејќи тие потпишаа гениј, ѝ им беше потребно по заминувањето на Кристијано Роналдо минатата година и за Еден Аазар, бидејќи сега е позрел и ова е ќе биде одлично за него. Мислам дека може да биде одличен за тим како Реал Мадрид, исто така и за Белгија ова е фантастично“, изјави за АП – Жан Леон Кабурет од Белгија, фан на Реал Мадрид.

„Мое мислење е дека има момче, кој е најдобар во светот во моментов, а тој не игра во Реал Мадрид, тој е французинот Килијан Мбапе. Без разлика што е потребно, тој треба да се донесе во Реал. Тој е најдобар во светот и Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, па без разлика што е потребно“, изјави за АП – Пако од Шпанија, фан на Реал Мадрид.