Connect with us

Фудбал

Фановите на Реал во неверување: БОМБА на Роналдо по триумфот во ЛШ

Кристијано Роналдо ги шокираше фановите на Реал Мадрид, откако веднаш по триумфот над Ливерпул, даде неочекувана изјава со која можеби најави разделба со „кралскиот клуб“.

„Беше навистина убаво да се игра за Реал Мадрид, наредните денови ќе ги соопштам моите планови за иднината и ќе им одговарам на фановите кои секогаш ме поддржуваа“.

„Уживав во секој момент. Сега треба да се порадуваме на трофејот кој го освоивме, иднината на кој било фудбалер не е толку важна во моментов“, – истакнал Роналдо, а пренесува „Марка“.