Фудбал
Фантастичен фудбал на „Енио Тардини“, Кулушевски еден од најдобрите на теренот
Парма и Торино одиграа ефикасен и одличен натпревар на кој имаше се по нешто, а на крајот „Млекарите“ славеа преку пресврт со 3:2. Публиката на добро познатиот стадион „Енио Тардини“ можеше да ужива. Многу убави потези, шанси, пет голови, два пенали и еден црвен картон.
Еден од најдобрите играчи на теренот беше шведскиот интернационалец со македонскo потекло Дејан Кулушевски, кој на додавање од Жервињо и уште во втората минута донесе водство на Парма. Само десет минути подоцна израмни Ансалди. Во 31.минута Жервињо не реализираше најстрога казна, па на спротивната страна стигна казната, а погоди Белоти од пенал, за него петти гол сезонава.
Во судиското продолжение од првиот дел на 2:2 израмни Корнелиус. Пресвртот и победата на „Млекарите“ им донесе Инглесе со гол во 88.минута. По овој меч со по 9 бодови Торино и Парма се на осмото односно деветото место. Ова беше последниот меч од шестото коло на Серие А.