Connect with us

SPORTM.mk

Фаворитите во ПМФЛ бавно влегуваат во форма

Главните претенденти на титулата во новата сезона во македонскиот шампионат и во второто коле не успеаја да остварат полн погодок, откако Шкендија во неделата беше поразена и на гостувањето кај Силекс, а Вардар одигра без голови кај повратникот во лигата белешки Борец.

Актуелниот првак Шкендија по поразот против Академија Пандев, во Кратово, исто така, не успеа да ја затресе противничката мрежа, а Силекс минимално славеше со прекрасниот погодок од далечина на Филип Дурански во 48 минута.

Вардар, пак, во последниот дуел од второто коло, освои бод на гостувањето во Велес кај новиот прволигаш Борец. На теренот со вештачка трева, „црвено-црните“ не можеа да наметнат своја игра, а Борец издржа и со играч помалку во финишот, по исклучувањето на Филип Петров во 75 минута од средбата.

Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ремизираа без голови, па двете екипи сега имаат по четири бода, по победите во воведното коло.

Ренова славеше против Струга Трим Лум со 2:1. Ремзифаик Селмани во 30 минута ги доведе домаќините во водство, Дејан Цветаноски израмни на почетокот на вториот дел, но Ренова сепак дојде до трите бода преку нововлезениот Адеми во 87 минута

Табела: Ренова 6, Македонија ЃП 4, Академија Пандев 4, Работнички 3, Струга ТЛ 3, Шкупи 3, Силекс 3, Вардар 1, Борец 1, Шкендија 0.

Извор: Нетпрес