Connect with us

Фудбал

Фаворитите во Премиер Лигата доминираа во 12то коло

Ефикасно коло во Англија во кое доминираа фаворитите.

Шампионот Челзи убедливо со 4:0 победи на гостувањето кај ВБА. Мората ја отвори серијата голови, потоа Азар два пати го совлада домашниот голман, а еднаш меѓу стрелците сее запиша и Алонсо.

Улогата на фаворит ја потврди и лидерот Манчестер сити кој победи со 2-0 во Лестер Сити со головите на Габриел Жесус и Кевин де Брајн и така ја задржа предноста од девет бода пред второпласираниот Челзи.

Новиот јунак на Ливерпул Мохамед Салах донесе победа од 2-0 за својот тим. Репрезентативецот на Египет денес постигна нови два гола и уште во првото полувреме ја најави победата. Конечните 3:0 беа дело на Филипе Кутињо.

Ефикасен натпревар без победник (2:2) одиграа Кристал Палас и Евертон. Бурнмаут го прегази Хадерсфилд со 4:0 на домашен терен, додека Барнли оствари важна победа против Свонси од 2:0.