Други спортови
Федерер: Ќе играм на Ролан Гарос и следната година
Швајцарецот Роџер Федерер оваа сезона стигна до полуфиналето во Париз, во кое во три сета беше поразен од шампионот Рафаел Надал. Но, за Си-Ен-Ен изјави дека уште сега знае каков ќе му биде распоредот.
-Ќе играм на Ролан Гарос. Веројатно нема да ме има на многу турнири пред тоа. Особено поради тоа што ќе учествувам на Олимписките игри. Во распоредот ќе биде Ролан Гарос, Хале, Вимблдон, Олимиските игри, а после тоа можеби Синсинати и УС Опен, изјави Роџер Федерер за Си-Ен-Ен.