Connect with us

Кошарка

Фенербахче со важна победа во Евролигата

Лидерот во пласманот во кошаркарската Евролига, Фенербахче си обезбеди домашна предност во плеј-офот, откако победи со 84:66 против Анадолу Ефес. На овој начин Турците го подобрија билансот до 21/3 и водат со по две победи пред гигантите Реал Мадрид и ЦСКА Москва.

Фенербахче доминираше тотално против градскиот ривал во салата „Улкер“ и остана непоразен дома во регуларната сезона на Евролигата. Тоа беше трета последователна победа на тимот на турнирот и 12-та на домашен терен, со која Турците си го обезбедија првото место пред почетокот на следната фаза.

Костас Слукас беше најпрецизен за победниците со 17 поени, а Никола Калиниќ додаде уште 15. Фенербахче постигна и 14 тројки при 56 проценти успешност во шутот од далечина, додека за Ефес најпрецизен беше Адријан Морман со 20 поени.

Ефес сепак остана со скор 15/9 и пропушти да си обезбеди место во финалната четворка, каде кандидат е и Барселона. Подоцна денес каталонците играат против Реал Мадрид.

Резултати од Евролигата:

Химки Москва (Русија) – Олимпија Милано (Италија) – 88:90
Фенербахче (Турција) – Анадолу Ефес (Турција) – 84:66
Макаби Тел Авив (Израел) – Дарушафака (Турција) – 77:58
Басконија (Шпанија) – Жалгирис Каунас (Литванија) – 80:73
Гран Канарија (Шпанија) – Панатинаикос (Грција) – 80:99

Подоцна денес играат:

Будучност (Црна Гора) – Баерн Минхен (Германија)
Олимпијакос (Грција) – ЦСКА Москва (Русија)
Барселона (Шпанија) – Реал Мадрид (Шпанија)

Во генералниот пласман води Фенербахче со 21 победи и 3 порази, следен од ЦСКА Москва со 18/5, Реал Мадрид со 18/5, Андолу Ефес со 15/9, Барселона со 14/9, Олимпија Милано со 13/11, Олимпијакос со 12/11, Баскија со 12/12 итн.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com