Кошарка
Фени Индустри го препоти Работнички
Кошаркарите на Работнички потешко од очекувањата ја запишаа и шестата победа во седмото коло од Првата лига, откако на домашен терен славеа во дуелот против Фени Индустри со 92:87.
![]()
Тимот од „Градски парк“ останува единствената екипа во лигата со максимален број на победи, а до овој триуф дојдоа благодарение на третиот период кој го добија со убедливи 20 разлика (26:6).
Најефикасни во победничкиот тим беа Кирил Николовски и Чавдар Костов со по 18 поени, додека на спротивната страна Фандерберг запиша 19 коша.
ФОТО: Наке Батев