Други спортови
Ферари го претстави новиот болид (ФОТО)
Прославениот италијански тим Ферари го претстави денеска новиот болид SF-24 со кој ќе се натпреварува во новата сезона во Формула 1 која стартува на почетокот на март.,
Take a look at the SF-24 from all angles 🙌
Our 2024 challenger is ready to hit the track 🔥 pic.twitter.com/6uLC2jmjgB
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 13, 2024
Шефот на екипата Фредерик Васер рече дека „екипата мора да продолжи таму каде што застанала минатата сезона“ кога во последните трки возачот на Ферари, Шарл Леклер освои три пол позиции.
„Минатата година беше специфична со тежок почеток и прилично добар крај на сезоната. Ќе има подеми и падови, но најважно е да останеме доследни во нашиот пристап‘, изјави Васер.
Претсезонските тестирања ќе се одржат од 21 до 23 февруари во Бахреин. А новата сезона ќе стартува на 2 март со Големата награда на Бахреин.