Connect with us

Други спортови

Ферари се заканува дека ќе излезе од Ф1

Новиот сопственик на Ф1 (Liberty Media) ги откри плановите за во иднина со цел намалување на трошоците, но промените кои се бараат од тимовите ќе ги чинат повеќе отколку до сега.

Меѓу тие планови се модификување на моторите со поголем број вртежи, посилен KERS и стандардизација на одредени делови од моторот.

„Во плановите на Либерти медија има неколку добри намери, од кои една е намалување на трошоците, што мислам дека е добро. Но, со неколку работи не се сложувам. Факт е дека ќе дојде до промена во стратешкиот развој и гледаме дека Формула 1 во 2021 година ќе се промени, а тоа ќе го наведе Ферари на донесување нови одлуки. Мора да биде апсолутно јасно дека ако не најдеме нови решенија чии резултати ќ бидат од корист за одржување на стоковните марки и пазари, како и зајакнувањето на единствената положба на Ферари, ние нема да учествуваме. Она што знам е дека Формула 1 е дел од нашата ДНК откако сме основани, па ние не можеме поинаку да се дефинираме, но не сакаме да учествуваме во спорт ако тој го промени своето лице“, рече Маркионе.

Се претпоставува дека на Ферари не му пречат најавените промени на моторите и болидите, туку распределбата на приходите за да им се помогне на помалите екипи.

Ферари е втор по поредокот на конструкторите оваа сезона со 140 бода зад лидерот Мерцедес, две трки пред крајот. Себастијан Фетел во неделата изгуби шанса да освои титула, па заостанува 56 бода.