Тајмаут
Фернандо Торес покажа каков ѕвер станал и како изгледа неговиот еден тренинг во теретана
Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес ги изненади сите со неверојатната трансформација на телото што ја направи по завршувањето на кариерата.
Во летото 2019 година Торес објави дека става крај на својата играчка кариера, а последната сезона ја мина во Јапонија каде настапуваше за Саган Тоса.
Откако ги остави копачките, Торес се посвети на тренинзите во теретана, а минатата година многумина беа шокирани кога поранешниот напаѓач на Ливерпул покажа неверојатна трансформација.
Торес денес повеќе личи на бодибилдер отколку на фудбалер, што најдобро покажува колку се посветил на теретаната и на својот изглед.
Иако многумина веќе се запознаени со неговиот нов изглед, Торес не престанува да изненадува. Тој тренира напорно секој ден и неговото тело денес изгледа навистина неверојатно.
Тоа најдобро го покажа видеото кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како изгледа еден тренинг на поранешниот шпански напаѓач во теретана.
Јавноста е воодушевена од тоа како изгледа Торес денес и тој покажа дека одлично може да остане во форма откако ќе ги закачи чизмите.
View this post on Instagram
Многу фудбалери се опуштаат по пензионирањето и не се грижат толку за тежината, но Торес е сосема спротивно од сето тоа и максимално се посвети на своето тело.
И покрај тоа што толку многу време поминува во теретана, Торес не го запостави фудбалот. Тој се посвети на тренерската кариера, а моментално е тренер на јуниорскиот тим на Атлетико Мадрид.