Други спортови
Фетел: „ Зошто се жалите за малиот број претекнување, време е сите да се смирите“
Возачот на Ферари. Себастијан Фетел, изјави дека сите кои жалат поради малиот број на претекнувања во требаа да се смират. Произведителот на гуми, Пирели, оваа недела објави податоци околу неодамна завршената сезона во Ф1, во која според бројот на претекнувања беше најслабата откако е воведен ДРС ситемот во 2011 година. Пирели регистрирал 435 претекнувања, бележејќи пад од 49 проценти во однос на 2016 година, кога имаше 866.
Желбата за следната година е сите да се смират. Некои трки се досадни, па што? Јас не гледам каде е тука проблемот, изјави Фетел и додаде:
Мислам дека нам не ни треба нов рекорд на секоја трка, која би имало се поголем број на претекнувања. Вистина е дека претекнувањето понекогаш е досадно, особено ако се позади, а не можете да поминете иако ја имате потребната брзина, заврши Фетел.