Фудбал
Пелагониско дерби во четвртфиналето од Купот на Македонија, Шкендија го чека подобриот од дуелот Вардар – Шкупи
Вчера во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. Пелистер – Победа, Ренова – Скопје, Тетекс – Академија Пандев и Шкупи/Вардар – Шкендија ќе играат за влез во полуфиналето на Купот на Македонија.
Натпреварите се играат на 8. и 29. ноември, со исклучок на заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар кои своите два меча ќе ги играат во истите термини, а победникот ќе се соочи со Шкендија на 17. декември и 21. февруари 2018 година.
Извлекување на парови за четвртфинале Куп на Македонија (први натпревари).docx