SPORTM.mk
ФИФА со нова „бомба“, на удар големите клубови и менаџерите
ФИФА има намера да ги спречи менаџерите на фудбалерите да го диктираат пазарот и практично да управуваат со него, со тоа што добиваат големи провизии, но и да ги спречи големите клубови да манипулираат со играчите преку сегашниот систем на купување и испраќање на позајмици.
Конретен примен е менаџерот Мино Рајола, кој за трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед инкасирал 40 милиони евра на име на провизија, и тоа од двата клуба, од едниот на име на продажба, а од другиот на име на купување. Тоа значи дека практично ги застапувал двете страни, што секако е нелогично. Такво нешто прави и Жорж Мендеш.
Според планот на ФИФА, менаџерите нема да имаат можност да „седат на две столици“, а најголемата провизија ќе биде 3%, ако менаџерот е на страна на клубот кој купува, односно 6% ако е на страна на клубот кој продава играч.
ФИФА на овој начин сака да ја ограничи сумата на пари кои се „вртат“ во светот на фудбалот на име на провизии, а кои во изминатите пет години изнесуваат неверојатни 5 милијарди долари.
Вториот проблем, кој ФИФА сака да го реши, е тоа што клубовите како што се Манчестер Сити, Челзи, Јувентус, купуваат играчи за помала сума на пари, за да ги спречат конкурентите да се засилат, а потоа истите тие играчи ги испраќаат на позајмици, иако се свесни дека никогаш нема да ги вратат во тимот. На тој начин, овие клубови остваруваат значителен профит.
Доколку помине предлогот на ФИФА, само 8 играчи ќе можат да бидат позајмени (играчи до 21 година), а бројот ќе биде намален на 6 до од 2022 година.