Connect with us

Ракомет

Филип Миркуловски ја доби довербата на раководството, ќе седи на клупата на Вецлар

До крајот на сезоната поранешниот македонски ракометар Филип Миркуловски ќе го води германскиот тим Вецлар, каде што ја заврши кариерата.

-Јас играв за Вецлар осум сезони и знам кој од ракометарите може да даде максимум на теренот. Тоа е голема предност и сметам дека со Јасмин (директор на клубот) ќе ги оправдаме очекувањата“, кажа Миркуловски.

Тимот на Миркуловски е на 16 место и е блиску до опасната зона.